Американски математичар ја предивде 2020 во 2012 година: Еве што друго предвидува дека ќе се случи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во 2012 година, на Универзитетот во Конектикат, Питер Турчин, биолог и математичар, одржа предавање со тогаш кое ги шокираше сите: САД во 2020 ќе се најдат во хаос!

Турчин прилично ја погоди ситуацијата, бидејќи ова дефинитивно не беше добра година за САД, кои беа погодени епидемијата, расни конфликти и природни катастрофи.

Тој не само што одржал предавање, туку и објавил напис во „ Journal of Peace Research“ во кој ја анализирал ситуацијата и најавил насилство, немири, тероризам и други катастрофи во САД. Како математичар користел шема на долг период на мир пропратен со насилство .

Тој заклучил дека почетокот на 19 век бил најмирен период, како и средината на 20 век. Осцилациите се повторуваат на секои 50 години, така беше во 1870, 1920 и 1970 година. Тој заклучил дека насилството треба да се очекува повторно во 2020 година.

Според тоа, Турчин има теорија дека насилството се повторува половина век и дека циклусите се случуваат во сите земји. Социјалната нееднаквост го зголемува незадоволството носи насилство. Населението потоа се смирува на 20 или 30 години, а тоа трае сè додека расте новата генерација на млади луѓе, а проблемите што се ставаат под тепих потоа повторно излегуваат на површина.

Турчин најави тешка и бурна деценија. Трендот на понизок животен стандард и зголемувањето на елитите сигурно ќе доведе до конфликт и насилство. Ситуацијата нема да се смири затоа што елитата се бори меѓусебно за богатство и ресурси меѓу себе и со добро поврзани политичари. Мала работа фали за да се активира сето тоа.

Социологот Џек Голдстоун од Универзитетот Мејсон во Вирџинија е убеден дека дваесеттите години на 21 век ќе останат во историјата како турбулентни и преломни.

– Пандемијата и полициската бруталност беа причина да се ослободи насилството што се акумулираше со години, а истото предвидување вели дека ова ќе биде исклучително опасна година доколку не стивне притисокот од незадоволство, додека секоја следна година до 2030 ќе биде полоша од претходната – вели Голдстоун.

Овој научник се согласува со Турчин дека циклусите на насилство не се водени од судбината, туку фактот дали општеството е способно да се справи со проблемите.

Во последните 40 години, САД се земја на страшна социјална нееднаквост, ужасна политичка поларизација, огромни долгови и дисфункција на владата, а сето тоа може да се промени само со длабоки реформи – објаснува Голдстоун.

Изборите во ноември ќе бидат голем тест, бидејќи ситуацијата во САД може да ја спасат само коренити на реформи што можат да се спроведат со убедлива победа на кандидатите, а најлошата опција е победата да биде „тенка“, затоа што тогаш ќе има отворени борби на улиците.

Во секој случај, ноември 2020 година ќе биде пресвртна точка за иднината на САД и институциите што во моментов владеат со оваа земја.

Револуција и војна

Елон Ото, социолог и економист од Институтот во Потсдам, вели дека ова не е ништо ново, бидејќи човечката цивилизација е полна со подеми и падови. „Штом институциите не можат да одговорат на новите предизвици, има револуција или војна“, вели Ото.

Премногу кратка приказна!

Кога трудот беше објавен, се отвори дебата за „циклично насилство на секои 50 години“ и за тоа што го предизвикува. Филозофот Масимо Чикен од колеџот Леман наскоро објави дека 230 години американска историја не биле доволни за да се донесе таков заклучок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This