Американците зaплeнилe иранска нафта наменета за Венецуела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за правда на САД соопшти дека зaпленилo околу 1,1 милиони барели нафта на четири бродови што Иранците планирале да ги испорачаат во Венецуела.

Четирите танкери од иранска нафта наменети за Венецуела се во рацете на американските власти, кои на тој начин ја прeкинале серијата испораки на нафта на владата во Каракас, пренесува Танјуг. Американските власти тврдат дека ова е најголемата зaплена на иранската нафта досега, но засега нема реакција од Техеран и Каракас.

Иран и Венецуела постигнаа договор за соработка пред неколку месеци, според кој Техеран досега доставил неколку танкери со нафта на владата на Николас Мадуро, иако нафтените индустрии на двете држави се под сaнкции на САД.

Иако Американците објавија дека танкерите нема да поминат во Венецуела, морнарицата на САД не реагираше во првите неколку испораки. Исто така, овој пат, не е јасно кој ги пресретна танкерите и кога, или каде се наоѓаат бродовите во моментот.

Според Ројтерс, сопствениците на четирите танкери се согласиле дека нафтата од нивните бродови ќе биде транспортирана и испратена во Соединетите држави.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This