АМЕРИКАНЦИТЕ ПРИЗНАА: Асад ги победи терористите во Сирија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Говорејќи пред Комитетот на Вооружените Сили при Сенатот, командантот на Американската Централна Команда, генералот Вотел призна дека Сирискиот претседател Асад и неговите владини сили ја добиваат војната во Сирија.

© REUTERS/ Rodi Said

На прашање на Сенаторката Линдзи Грејам, ,,дали е прегруба изјавата дека со помош од Русија и Иран, Асад е победник во цивилната војна во Сирија’’, Вотел вели ,, Не мислам дека е прегруба изјава’’.

Тој вели дека континуираните воздушни операции на Русија му помогнале на Асад да воспостави контрола на поголема територија особено околу главниот град и поголемите градови во Сирија.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал мајор Игор Конашенков, истакна дека “најтешките околности за цивилното население во Сирија постојат во областите контролирани од коалицијата предводена од САД и групите на вооружената опозиција што ја контролира”.

Најмалку 330.000 лица загинаа во граѓанската војна во Сирија, која започна во март 2011 година, според ОН. Руската војска присуствува во Сирија на повик на претседателот Асад, додека присуството на САД во Сирија никогаш не било одобрено од страна на владата во земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This