АМЕРИКА ЈА ИСКАРА ЕВРОПА: Му праќате погршна порака на Иран

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одлуката на Европската Унија да додели помош на Техеран во вредност од 20,7 милиони Долари е погрешна порака во погрешно време, изјави специјалниот пратеник на САД за Иран Брајан Хук.

„Народот на Иран е соочен со многу реални економски притисоци кои ги предизвикала корупцијата на нивната влада, лошото водење на државата и длабоката вмешаност во тероризам и во странски конфликти. САД и ЕУ би требало да работат заедно на пронаоѓање на трајни решенија кои вистински ќе го поддржат Иранскиот народ и ќе стават крај на заканите po regionot на тој режим, a и на глобалната стабилност“, рече Хук, пренесува Ројтерс.

Од Вашинктон тврдат дека сретствата наместо да бидат потрошени за помош на граѓаните на Иран, би можеле да се потрошат во терористички цели.

ЕУ донесе одлука на Иран да му исплати 20,7 милиони Долари помош со цел стабилизација од американските санкции и за спасување на нуклеарниот договор од 2015 година.

САД во мај годинава се повлекоа од овој договор, кој ги ограничуваше нуклеарните амбиции на Техеран.

ЕУ досега исплати 20,7 од планираните 58 милиони долари издвоени за Иран, кој се закани дека ќе престане да се придржува до одредбите од нуклеарниот договор, доколку не добие економска помош заради санкциите

Подготви
Борислав Стоилковиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This