Амepиканската амбacaда со дeтaли зa cpeдбата со Cпacовски: Eвe зa штo ce paзговapало

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Брнз, на средба министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, му нагласила дека е многу важно да го заштити интегритетот на системот за издавање пасоши на Република Македонија.

Свесни за комплексноста на случајот со пасошите и потребата да се осигура темелна истрага, амбасадорката ја нагласи важноста да се заштити интегритетот на системот за издавање пасоши на Македонија. Амбасадорката и министерот се согласија дека е важно да се изолира овој и другите неодамнешни случаи од политиката и да се осигура независна и брза истрага – се вели во соопштението на американската амбасада во Скопје, по средбата на Спасовски и Брнз.

Од Американската амбасада додаваат дека три децении, со различни влади, Амбасадата на САД е партнер на министерството за внатрешни работи, како и на другите владини министерства и институции во Македонија за остварување на заедничките цели во спроведување на законот и владеење на правото, вклучувајќи техничка и форензичка поддршка на специфични случаи и обука и опрема за зајакнување на капацитетите на институциите.

Сите овие активности придонесуваат за зголемена безбедност, поголема транспарентност и способност да се истражува и гони јавна корупција и тероризам, како и случаи на транснационален и организиран криминал – велат од Амбасадата на САД.

МВР имаше американска помош во акцијата во која на 6 април беа уапсени деветмина полициски службеници, вработени во пасошкото одделение на МВР, кои продавале патни исправи со туѓ идентитет на странски државјани и на криминалци барани со меѓународна потерница. Групата изработила 215 македонски пасоши со туѓ идентитет, а од нив, 214 биле за странски државјани, а само еден за наш.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This