АНАЛИЗА НА МИРКА ВЕЛИНОВСКА: Паднаа западните митови за црпнати спасители на глупи народи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

30ee4e49b863d04e92d611b937cd92ffОна што ја прави минатата 2016 година исклучителна е концентрацијата на паднати митови. Митови што беа преточени во светски правила, државни политики, школи на мислење, вредносни системи, навики, симболика, јазик на комуникација, матрици и перцепции, агли на гледање на реалноста, пропаганда. Kако последица на оваа космичка одреденост настапува момент на хаос во кој царуваат нагони како стравот и омразата, кои доведуваат до апатија или хистерија, гнев и агресија.
Лани падна митот за посебноста на Америка и нејзината непобедливост и сила. Падна митот за ЕУ како безалтернативна организациона форма која обезбедува мир и благосостојба во Европа. За европските вредности од пакетот на демократија и слободи. За исламскиот радикализам како природен и автентичен процес на зреење. Падна и митот за незаменливоста на политиката на сила, за функционалноста на НАТО и неговата човекољубна природа, потоа оној за ретроградниот нецивилизиран исток наспроти демократскиот и прогресивен, а пред с`, благороден запад. Тресна од земја и митот за важноста на главните светски медиуми кои сакаат да се нарекуваат политоправачи, а најкомично е што во оваа епска битка на драматични смени на парадигмите како колатералка загинаа скапоцените холивудски и ТВ-ѕвезди кои си замислија дека имаат политичко влијание врз своите обожаватели.

И сеа шо праиме? Штосот е во тоа што еднаш форматираниот мозок кој се приспособил на матрицата, тешко сфаќа, а уште потешко се ресетира на нови програми и команди. Особено во период кога правила нема или веќе не важат и самиот авторски треба да ги испише и примени во амбиент на хаос. Затоа „нормално“ е што рокнувањето на неолибералната матрица за американска посебност и за нов светски поредок под команда на една елита и еден светоглед предизвика невидена харанга врз Доналд Трамп и несвојствена омраза и агресија кон гласачите. Напросто човекот им го кутна митот како „идеолошки“ темел или извор на вечниот живот. Од иста природа е и хистеричниот одиум со кој се соочува руската државна политика и Владимир Путин како нејзин симбол. Апсурдно е дека токму оние што во неолиберализмот гледаа слободоумен и демократски концепт на уредување на животот, во миг на паника се претворија во најгласни и решителни нацифашисти, кои, ако треба, со атомски бомби би го уништиле животот на планетава. Гледаме историски репризи на претстави на масовна хистерија од стариот, средниот и новиот век. Слично или исто како денешните холивудско-соросоидни преработки, изгледале случките со судењето на Христос и масовките на наапани антички „шарени револуционери“ по неговиот од низ Голгота, а потоа и отворениот лов на официјален Рим по христијаните како носители на новиот вредносен поредок за чиј римејк јавно сонува Бранко Тричковски и дузина истакнати поклоници на новиот светски фашистички поредок. Вака било во Европа и во времето по падот на западниот Рим. Слични работи со масовна хистерија се случуваа и по Втората светска војна со појавата на макартизмот.

Сириски рецепт за Македонија

Она што го гледаме последниот месец во постлиберална Америка го живееме и ние во Македонија, ама веќе две години, а така е насекаде каде што царувала самодоволната и наакана западната митологија. Изгледа толку глупаво што ви се чини нереално. Никако поинаку не можете да си го протолкувате настапот на Љубомир Фрчкоски, „интелектуалец“ и наводно „идеолог“ на политиката на СДС(ЗЗ), воден во разговорот од новинарската професионална легенда Александар Чомовски, освен како испад на дезориентиран и уплашен пубертетлија кој сиот свој живот го проектирал како паразит закачен за странците во присуство на новинар кој ги дели истите вредности и „идеали“ со гостинот. Ни едниот ни другиот очигледно не ја сконтале гротескноста на интервенционистичката пропагандна сказна за лошиот чичко Башар ал-Асад и добрите умерени терористи кои почнале граѓанска војна. Иако дури и креаторот на овој медиумски мит, официјален Вашингтон (Барак Обама и неговото инфантилно однесување), со своите постапки во 2016 потврди дека се работело за испланирана мултиинтервенционистичка војна против Сирија, нејзиниот народ и легитимната сириска одбрана. На јазикот на Фрчко кажано, „странците“ му објавиле војна и го нападнале сирискиот народ и неговата татковина, а тоа е добро и корисно оти таму имало избрана диктатура. Просто, глупиот и небањат сириски народ заслужено е под прогресивна странска казна. Затоа и го препорачува како рецепт за Македонија и Македонците. И тие како да одбиваат да бидат ослободени на сила. Но, бидејќи Фрле е малку склеротичен и да не кажам, скаран со умот, во мигот кога бара робусна странска интервенција за генерален реизбор на судии во Македонија, па затворање на сите факултети и универзитети, па отворање такви што ќе му се по мера и ќе произведуваат дунстери како него, не се сеќава на фазата кога беше национално и уставно свесен, па плампаше за нарушена од внатре универзитетска автономија и антиуставно внесување странци во државното обвинителство од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Такво дејство има шокот од промените кај форматираниот ум. Инфантилно до лудило. Нелогично и самодемантирачко, односно самообвинувачко. На пример, Владе Милчин како платеник на Сорос и убеден поклоник на странски интервенционизам во мигот кога организира и пропагира на трибини промена на името и идентитетот на Македонците и Македонија, во интервју за ,,Њујоркер“ изјави дека кога и се смени името на неговата земја, тој прв ќе земе пушка и ќе оди во шума. По дрва веројатно. Или исказите на Мирјана Најчевска ,неуморниот борец за сите можни човекови индивидуални права во чиј корпус го нема и правото на човек да се чувствува за Македонец, па затоа отсуствува нејзината заложба тој слободно да се организира, изјаснува, дејствува и демонстрира дрско, гласно и отворено макар колку Албанците или педерите.

Може да ги жалите или разберете, ако сакате, оние на кои во 2016 им се сруши светот и се најдоа очи в очи со непознатото. Иако не ви препорачувам оти покажаа завидно ниво на отуѓеност, самодоволност, несолидарност и арогантност. Салоните, бренд-бутиците живеат во свој елитен универзум. Kако и холивудските ѕвезди. Немаат врска со реалноста. Тие тукушто се соочија со својот „булевар на самракот“. Мислеа дека нивната публика ги смета за политички кредибилни, па истрчаа на изборната сцена во САД како „експерти“, а завршија како остарената и заглавена во времето Глорија Свансон, која сонуваше незаменливост и вечна слава. Во услови на нагло влетување чист воздух во вакви бутик-жабарници настрадува целиот микроекосистем сосе примероците уникатни.

Чистење на службите

Ама не е с` така едноставно. Интервенционизмот како ставка во македонската „независна“ суверена политика на СДС и албанскиот „фактор“ е сериозно навлезен и во верувањата на партискиот естаблишмент на ВМРО-ДПМНЕ. Да било поинаку, уште по изборите ќе видевме макар некаква атипична искра на различие почнувајќи од новоговорот преку дејствата и макар во реакциите на триковите на странците што се изведуваат во постизборна Македонија.

Јас, на пример, советот на Ѓорге Иванов до партиите за реформи на безбедносниот систем би го преточила во практична итна акција на чистење на овој сегмент од кртови, агенти, кариеристи партиски војници, дилери, заслужни криминалци и безрбетници. Ние сите сакаме да знаеме кои се калемените сливи во сливарникот на ЦИА, а се распослани во државните институции како т.н. средна линија. Многу ќе биде интересно да н` информираат кои сопруги на кои функционери во МВР работат како службеници во амбасадите на странците на кои се потпира Фрле и другите бутик-елитисти. Ситуацијата во Македонија не е редовна за да се биде комотен и да се чека на демократска процедура за сенешто. Освен ако не се молкум суспендирани и сите закони. Гледате дека кога би бил во можност, Фрле тоа би го сторил безобразно, бескрупулозно и незаконито, ич око да не му трепне. Притоа тој е докажан страшливец кој се храбри со странски опијати. Уставот и онака е бајпасиран со Пржино, па не гледам зошто треба да чекаме нова влада за да ја самозаштитиме државата од партиски терористи и странски интервенционисти. Наместо да се чека СЈО да спакува апсења по налог на странците на оние што ги победија на изборите, наместо да го чекаме Еди Рама да почне да ја кризира Македонија по наредбите на директорот на ЦИА во заминување и налогодавецот од Британија, МВР по налог на Обвинителството треба да поапси или да отвори истрага за оние за кои постои сомнеж дека работат на рушење на уставниот поредок и ја загрозуваат стабилноста и мирот на Македонија. Исто така, во духот на новото време, на победничките партии од овие изнасилени избори би требало да им е јасно дека образецот на водење политика зад затворени врати и носење луди одлуки во нетранспарентни постапки, без информирање на народот од кој добиле мандат да ги застапуваат, ги води брзо во историската депонија. Слободните луѓе веќе кажаа. Сакаат информации, вистинити, а не лажни. Никола Груевски ни должи јавна исповед за пучот, за бомбите и за изведувачите на превратот од странско потекло зашто домашните ни се добро познати. Ако на САД им требаа 15 години да разоткријат кој ги срушил кулите близначки и кој го измислил Осама бин Ладен, белки нам треба веќе да ни е познато кој и зошто прислушувал вторпат во 15 години. И кој ќе ја презеде одговорноста за сите настани, односно за кадрите и состојбите во институциите. Гледате, рокнаа куп познати имиња во политиката и експертизата. Паднаа и митовите за големите журналисти во „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“, „Гардијан“, „Франкфурт алгемајне цајтунг“, Би-би-си, „Дојче веле“, Слободна Европа, Си-ен-ен… Сите од ред да ти биле платени пропагандисти и лажговци. Овде на периферијата нашите политичари и нашите главни медиуми уште по инерција ги доживуваат како релевантен извор и ги цитираат дури иако ја загубиле целата своја веродостојност. Сепак, најдалекосежна моментна придобивка во падот на неолибералниот и неоколонијалистички западен калифат е поразот на пропагандата и нејзините медиумски и НВО-муџахедини. Нападната беше масовно од роеви неумрежени информативни, свежи, мобилни, информирани, храбри и посветени комарци кои естаблишментите ги нарекуваат маргиналци и отпадници. Нивниот кредибилитет лани порасна до толку што поразената страна сака сега на секој начин да ги отстрани од етерот. Што би рекол бутик-елитистот Сашо Ордановски, поради нив и нивната интернет и ментална слобода, „поштен“ неолиберален тоталитарист и милитант не може да прелаже со своја пропаганда ниту еден обичен небањат вмровец. Секаде, па и кај нас, каде што новинарското мнозинство уште вредносно го подржува странскиот мејнстрим и европскиот неолиберален медиумски и организациски естаблишмент. Ете, изборите завршија, но уште е во дејство цензурата и инквизицијата. Никому не му смета!

Мирка Велиновска

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This