Ангелов: Цврсто ве уверувам дека на сите пpoблеми со кои се соочувате ќе им излегувам во пресрет и ќе ги рeшавам заедно со вас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Далибор Боро Ангелов, кандидат за градоначалник на општина Чешиново-Облешево, изрази благодарност за укажаната доверба, посочибајќи дека негова цел ќе биде да им помогне на граѓаните да се решат проблемите за подобра иднина на сите во општината.

„Пред нас се многу предизвици. Целта е една, подобра иднина за сите граѓани на општина Чешиново-Облешево.
Обврска моја ќе биде, да сум дел од вас и да помагаме јас и мојот тим околу секој ваш проблем. Моја должност е да се потрудиме заеднички да ги решаваме проблемите. Низ моето животно искуство научив да бидам решителен, но и трпелив. Проблемите никнуваат од сите нас, но проблемите и се решаваат од сите нас. Цврсто ве уверувам дека на сите проблеми со кои се соочувате ќе им излегувам во пресрет и ќе ги решавам заедно со вас“, вели Ангелов.

Тој ветува дека ќе застане во ист ред со граѓаните за поквалитетен живот и остварување на една нова позиција.

„Мојата општина е моето секодневие. Мојата општина е дел од мојата држава. Не е сеедно каква утре ќе биде таа. Мојата општина не смее да биде помалку развиена од секоја друга соседна и не смее да биде занемарена во ниту една сфера на нејзиното работење. Сите заеднички ќе се заложиме за нејзино вклучување во сите современи текови и заеднички да ја изградиме за нашето поквалитетно функционирање“, вели Ангелов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This