Majка бежaниja: 12 лица ја напуштиле Македонија иако имале решенија за изолација заради Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По извршените редовни контроли на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат на 19.08.2021, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар утврдиле дека вкупно осум лица од Гостивар и гостиварските села Чегране, Чајле, Мало Турчане и Велебрдо, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и заминале надвор од земјата.

На 18/19.08.2021 од полициски службеници на СВР Тетово по извршена проверка било констатирано дека четири лица од Тетово кои имале решенија за изолација ја напуштиле земјата.

Против лицата ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ казниво по член 206 од Кривичниот законик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This