Ангeлoвcка е вдoмeнa во „Teлеком“ oти нe билa кpпa зa eдна употpeба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нина Ангеловска е во управниот одбор на „Телеком“ за да покажеме дека не ги искористуваме луѓето како крпа за една употреба и ги фрламе – вели за Плусинфо висок функционер на Владата.

Ексминистерката за финансии Нина Ангеловска, која е коосновач и извршен директор на онлајн платформата за купување со попусти „Групер“, Владата на Зоран Заев ја вдоми во управниот одбор на „Телеком“ за да покаже дека не била за една употреба. Во управниот на „Телеком“ е и ексминистерот за екологија Садула Дураку, оти според власта, неговата ДУИ ја добила довербата на гласачите.

– Нина Ангеловска е во управниот одбор на „Телеком“ за да покажеме дека не ги искористуваме луѓето како крпа за една употреба и ги фрламе – вели за Плусинфо висок функционер на Владата на прашањето дали имаше потреба Ангеловска да биде вдомена во „Телеком“ кога веќе е сопственичка на успешна фирма.

Ангеловска во минатиот владин мандат беше првата жена министерка за финансии. Сепак, во јавноста таа наместо по министерувањето повеќе се прочу по стечајот на Еуростандард банка. Непосредно пред банката да оди во стечај, Ангеловска како министерка и клиент на банката во два наврати повлекла пари од Еуростандард, првиот пат да инвестира во инвестициски фонд, а вториот пат да си купи стан.

Сепак Антикорупциската комисија не покрена санкција против Ангеловска за можен судир на интереси со стечајот на Еуростандард банка и нејзиниот депозит во банката, но укажа на етичкиот момент, бидејќи министерката имала увид во состојбата на банката.

Ангеловска на функцијата министерка за финасии дојде на местото на Драган Тевдовски. Таа претходно немаше политички ангажман.

По вдомување на партиски кадри во управни и во надзорни одбори на добростоечки компании каде надоместот за членството не е под 1.000 евра месечно, евидентно е дека Владата на СДСМ и ДУИ само декларативно се залага на директорски функции и во управните одбори да се ангажираат професионалци избрани на конкурс.

Извор: Плусинфо

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This