АНДОНОВСКИ ДО КАЕВСКИ: СДСМ му го одзeдe правото на Македонецот да се вика Македонец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во емисијата „Само Вистина“ советникот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Стефан Андоновски зборуваше за Преспанскиот Договор кој СДСМ го потпиша и укажа кои се последиците од тој договор Република Македонија ги има. Тоа се:

-Дел од идентитетот е придавката „македонски“ и ја уништивте, немаме македонска филхармонија, немаме македонски народен театар, немаме македонска опера и балет, нема МАНУ. Тоа вие им го забранивте на граѓаните на Република Македонија без да ви ја дадат таа дозвола. Ако погледнете во изводите и тргнете да вадите извод ќе видите дека во изводот ќе ви пишува дека вие сте родени во Република Северна Македонија, што не може да биде точно затоа што вие, и јас сме родени во време кога оваа држава се викала Република Македонија, и тоа покажува дека вие сакате да го избришете коренот на Македонија. Вие сакате вештачки на Македонска филхармонија која е формирана во 50, 60 години и се викала македонска филхармонија ви ја преименувавте и ја викате безимена филхармонија. Само вие им го одземате правото на македонецот да се вика македонец, а се колневте во жицата, му укажа Андоновски во своето гостување на Дарко Каевски од СДСМ

Андоновски во своето гостување зборуваше и тоа што ВМРО-ДПМНЕ сака да промени во врска со овој штетен договор кој СДСМ го потпиша. Според него тоа е следново:

-Доколку ВМРО-ДПМНЕ има двотретинско мнозинство во Собранието и бадентерово мнозинство кои се легално, правно потребни услови ние ќе пристапиме кон митигација кон дел од решенијата кои постојат во тој договор, затоа што сметаме дека е штетен и затоа што не учествувавме во неговото донесување. Се сеќавате Заев излезе со друга придавка, со „илинденска“, па брзо потоа се промени ставот така што во тие процеси ние не учествуваме

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This