АНКЕТА: Ако нема датум за преговори во јуни, оставка за Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во он-лајн анкетата која што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „што доколку земјава не добие датум за преговори со ЕУ во јуни годинава“, најголемиот број од испитаниците, односно речиси половината, се изјасниле дека во тој случај Владата треба да поднесе оставка. Анкетата беше објавена на 7 мај годинава, на 14 веб страници и траеше 24 часа, пренесува Макфакс.

Во овој период, гласале 6.508 испитаници. Речиси 30 отсто од испитаниците се изјасниле дека доколку земјата не добие датум за преговори, треба да се чека. Над 15 отсто од анкетираните велат дека не ги интересира што ќе се случи, додека останатите се изјасниле дека е подобро да нема датум за преговори за членство во ЕУ.

Од вкупно 6.508 анкетирани, според податоците на истражувачкиот центар на „Макфакс“, најголем дел биле мажи на возраст од 35 до 44 години. Над 80 проценти од нив гласале од Македонија, додека останатите од Германија, Австрија, Швајцарија и други држави.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This