Антивakcepи од Грција одбиваат kpв од вакцинирани донори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчкото јавно мислење беше шокирано кога доктор откри дека антиваксерите одбиле да примат крв од вакцинирани луѓе за да не бидат „отруени“. Во меѓувреме, грчката влада беше вознемирена откако медиумите објавија неколку случаи на илјадници лажни сертификати за СОВИД-19 низ целата земја, пренесува Еуроактив.

Претседателката на Медицинското здружение на Патра, Ана Мастораку, ги повика обвинителите да интервенираат.

„До сега, видовме невакцинирани пациенти кои одбиваа интубација – поради што и луѓето починаа – но сега имаме групи кои одбиваат трансфузија“.

Лекарот навести дека се работи за организирана мрежа на антиваксери, а не за изолирани поединечни случаи.

„Ако некој оди на операција или сака трансфузија и припаѓа на групата антиваксери, тие бараат да не се трансфузира со крв од вакцинирано лице. Ова, се разбира, нема научна основа“, рече таа.

Во меѓувреме, скандалот со лажните сертификати за вакцинација предизвика нови главоболки во грчка влада.

Според ТВ каналот ОПЕН, во моментов се испитуваат жалби во северна Грција за можноста за лажни потврди за вакцинација увезени од Бугарија.

Владата одлучи да изрече казна од 5.000 евра за оние што се вклучени во обезбедувањето лажни сертификати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This