Антикopyпциска ги советува да зајмат: Поради изборите штипската бoлницa не мoжe да купува кислopoд и лekoви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во услови на предвремени избори за градоначалник на Штип од една страна нè притискаат законите и Антикорупциската комисија, а од друга ширењето на пандемијата со ковид-19 која не трпи одлагања на неопходниот медицински материјал, вели директорот на Клиничката болница во Штип Ален Георгиев. Тој објаснува дека во последните недели се зголемила потребата за медицински кислород поради големиот број пациенти хоспитализирани со ковид-19, а со тоа и на боците за кислородна поддршка.

Според Георгиев, Клиничката болница редовно ги објавува тендерите за јавни набавки, а во услови кога постојат одредени ограничувања, кога има локални избори на удар се огласите за нови вработувања, но пред сè набавките на лекови и сиот неопходен медицински материјал. Затоа барале начини преку Бирото за јавни набавки да ги обезбедат по кој било законски основ само да не трпат пациентите.

„Повеќе набавки ни се проблем, но во овој период најмногу медицинскиот кислород. Затоа ги интензивираме постапките за набавка на боци за кислородна поддршка, медицински помагала и разни заштитни средства. Антикорупциска комисија како регуларни ги признава само набавките со годишните програми кои не се косат со Изборниот законик и Законот за јавни набавки, но на почетокот на годината кога се донесуваа годишните планови кој можел да предвиде дека ќе се случи и пандемија и предвремени избори за градоначалник.“ вели Георгиев.

Според него, од Антикорупциската комисија им било сугерирано времено да позајмат лекови и слично од други установи, но со оглед на тоа што сите медицински центри се во лоша состојба, тие решиле да изнајдат некаков законски модус на позајмица во време на пандемија со помош на самото Биро за јавни набавки или генерално од Министерството за здравство како најбезболно решение за сите кое ќе биде и законски и во интерес на граѓаните, а пред сè на болните од Ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This