Антикopyпциска: Кај Нина Ангеловска нема kpивична одговopност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) не утврдува кривична одговорност, но од етички аспект го покренува прашањето од високо ниво и ќе препорача да се доуредат прописите, особено меморандумот за соработка помеѓу Народната банка и Министерството за финансиии и остантите регулаторни тела, со тоа што ќе се додадат уредби со кои ќе се регулира судирот на интереси, ќе се предвиди како тој да се спречи особено оној момент каде што се кажува дека одредени носители на функција имаат можност да располага со информации и истите да ги искористи за себе или да обезбеди корист за некој друг.

Ова денеска го соопшти Билјана Ивановска, претседател на ДКСК по седницата на која бил разгледуван предметот за можен судир на интереси со стечајот на Еуростандард банка и депозитот на министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Таа додаде дека заклучокот е донесен врз основа на целокупната документација прибавена од Министерството за финансии и од Народна Банка.

– Со стапување на функцијата, министерката за финансии по службена должност располагала со информации и податоци за движењата на банкарскиот и на финансиските пазари и имала можност да ги дознае податоците поврзани со банката, каде таа е клиент, а не биле достапни на другите штедачи во таа банка. Овие информации можеле да имаат влијание врз донесувањето на нејзината одлука поврзана со депозитот во таа банка, со што таа имала предност пред останатите штедачи во банката, изјави Ивановска.

Прв документ, според Ивановска, на кој стои дека се разговарало за ситуацијата во Еуростаднард Банка, бил записникот од 4 јуни.

– Претходно можеби се разговарало, можеби не, важно е дека самата функција и обезбедува можност да дојде до информации кои се однесуваат на нејзините средства во таа или во која било друга банка. Ние не покренуваме некаква санкција против министерката, но сакаме да го истакнеме етичкото прашање кое е многу важно, изјави претседателката на ДКСК, додавајќи меѓу другото дека сомнежот очигледно е дека постои.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This