Антиkopупциска укажува, владата замижува на препораките за судир на интерес со назначувањето на директор на МЕПСО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата не го предложила Куштрим Рамадани за директор на МЕПСО и за нив нема спорно во неговиот избор иако според мислењето на Антикорупциска, кое премиерот лично го побарал,станува збор за класичен судир на интереси бидејќи Рамадани беше потпретседател на  Регулаторната комисија за енергетика.

Министерот за транспорт и врски објасни дека Рамадани е предлог на Управниот одбор на МЕПСО кој Надзорниот одбор го прифаќа и на 1 декември го избира за генерален директор.

Правните тимови во Владата заклучиле дека нема судир на интереси, што е официјален став од Илинденска број 2.

А во писмото на Антикорупциска децидно стои – судир на интереси има, а со изборот на Рамадани се кршат два Закони – за спречување на судир на интереси и за енергетика.

„Претседателот и членовите на РКЕ во рок од две години по престанувањето на вршењето на јавните овластувања и должности, не можат да бидат именувани како членови на орган на управување на вршителите на регулирани енергетски дејности како и на вршителите на енергетски дејности на кои што им е наметната обврска за обезбедување на универзална, односно јавна услуга со оглед на надзорната функција која ја има РКЕ врз овие тела“ – соопштија од антикорупциска.

Во мислењето на антикорупциска стои и дека според Законот за судир на интереси – Рамадани не смее да го застапува МЕПСО во управен спор против некоја одлука на Регулаторна.

Од МЕПСО соопштија дека судир на интереси нема, но не одговорија како дошле до тој заклучок.

Директорското место во МЕПСО за Рамадани беше најавено пред неколку месеци кога беше предложен од неговатра матична партија ДУИ.

Рамадани е втор член од Регулаторна, за кој Антикорупциска утврдува дека има судир на интереси.

Судир имаше и кај Атанаско Тунески, кој  иако е регулатор, поседуваше  и акции во енергетска компанија.

Извор: Tелма мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This