АНЃУШЕВ ГО И3ЛAЖA И СОПСТВЕНИОТ СИН: Што се смени во државава изминатите две години откако СДСМ е на власт, се врати ли Кочо џуниор во Македонија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Мојот капитал само во таа нормална држава може да има вредност. Ама не само мојот капитал. На сите нас. И имам една лична причина за прифаќањето на овој предизвик. Можеби и решавачка. Пред да ја прифатам понудата за вицепремиер за економски прашања, разговарав и со моето семејство. Син ми има 20 години и студира во Виена. Тој ми рече: ако не успеете ништо да смените во оваа држава, мојата одлука да не се вратам таму веќе е донесена. Замислете, еден млад човек, чиј татко му ја обезбедил иднината во татковината, веќе донел одлука да замине и покрај комоцијата што ја има обезбедено од неговиот родител, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на прашањето што го натерало да ја прифати оваа политичка функциоја со оглед на фактот што во моментот кога стапувал на функцијата неговото богатство се проценувал дека вреди 28 милиони евра.

Што се смени оттогаш, како што бараше синот на Анѓушев? Дали можеби тој се врати од Виена да живее во Македонија каде вицепремиер е Анѓушев? Дали се вратија младите назад во Македонија како што ветуваше Зоран Заев. Оттогаш помина речиси три години, а секоја година германската амбасада добива се поголем број на апликации за работни визи на граѓани од Република Македонија. Ја посочуваме Германија како држава поради фактот што најголем број на македонски граѓани ја бираат оваа европска држава како своја дестинација во која се одлучуваат да го поминат животот. Амбасадата на Германија во Македонија секој месец добива стотици апликации за работна виза, а ниту другите европски држави, САД, Канада и Австралија не заостануваат зад бројките на македонски иселеници.

Најновите истражувања покажуваат дека повеќе од 80 проценти од младите би ја напуштиле Македонија, а последните статистички операции укажуваат дека и постарите жители на државава бараат ,,чаре” како да заминат од Македонија.

Но да бидеме искрени и реални, во Македонија од денот кога Заев седна на фотељата на Илинденска бб. се сменија некои работи. Се смени името на државата, се смени карактерот на Македонија, Македонците официјално повеќе не се Македонци. Останавме без својата историја, станавме држво без корен и да се разбира да не заборавиме, радиодифузна такса повеќе не се плаќа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This