Апасиев најави дека ќе го менува изборниот систем

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тоа што вие не знаете, не значи дека во светот нема изборни модели што се поправични од факинг Донтовиот.

Еве, на пример, таков е т.н. БАДЕНОВ СИСТЕМ, воведен со Уставот на Баден (1919), токму со цел надминување на нелогичностите на Донтовиот…

Според овој систем, политичките партии, за време на изборите, покрај во секоја изборна единица – доставуваат плус една т.н. ОПШТА ЛИСТА (за целата држава)!

Неискористените гласови од посебните партиски листи на сите изборни единици, наместо да одат во ветер и воопшто да „не се бројат“ како да не постојат, се пренесуваат на оваа општа листа и се делат со законски утврден количник, како основ за доделувањето мандати.
На примерот со Левица, тоа би изгледало вака: ќе си ги префрлевме нашите освоени, а неискористени 15.000 гласови од сите шест изборни единици, и ќе имавме минимум плус двајца пратеници. 😉

p.s. Има начин, ама нема волја. Ама, па, и ние сме упорни тиќиња! Ќе ве натераме и ќе го промениме овој шизофрен систем кој ја фалсифукува народната волја.
#КнигиТребитЧитање

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This