Апелација в четврток ќе одлучува за затвоpот на Кочан и Авировиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Апелациониот суд в четврток на јавна седница ќе одлучува за затворcките казни на бизнисменот Сеад Кочан и управителот на фирмата „Силекс неметали“, Василије Авировиќ во предметот „Труст“ на СЈО.

Судија известител за предметот е Лирие Елези Арулау.

Со оглед на фактот дека лани Собранието изгласа измени во Кривичниот законик, со кои се намалува казната затвор за ова кривично дело со кое беа осудени обвинетите од четири на три години, се воведе и можноста за добивање условна казна.Бизнисменот Сеад Кочан, сопственик на „Трансмет беше осуден на шест години затвор и забрана за вршење на дејност во траење од три години затоа што со лажни документи учествувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ со што се здобил со имотна корист од 17 милиони евра.

За истото кривично дело на три години затвор и забрана за вршење на дејност во траење од три години беше осуден синот на пратеничката Владанка Авировиќ, Василије.Судот одлучи да го конфискува имотот во вредност од 17 милиони евра кои треба да бидат вратени во државниот буџет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This