Апacиев го “подбpaa„ на Твитep за пратеничкиот имунитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лавина од негативни реакции на социјалните мрежи за пратеникот и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, откако самиот на Фејсбук се пофали дека кога го сопрел полицаец, се повикал на пратеничкиот имунитет.
“Ноќва возам накај Штип. Ме запира џандар, ваљда обучен на курс. Ми вика да дувам и да ми ја тресе колата за недозволени супстанци! Му викам, прво да ми се легитимирате, па после. Одбива!?

Ми вика, ќе ти пишам казна 500 евра за одбивање дување!? Му викам, господине, јадување никад не одбивам, ама за претрес на пратеник Ви треба налог, оти имам уставен имунитет (и му ја давам службена та легитимација).
Сфаќа дека ја укакал. Дувам алкохол 0.00. Ми вика слободен си. Му викам јас сум, ама ти не си. Според
Правилникот за вршење служба, Вие сте дожен да се легитимирате по барање на граѓанин и да ми издадете записник за дувањето. Ве молам постапете така. Одбива пак!

Пред него вртам 192 и го пријавувам (и он паралелно врти сто телефони).
После тоа, лагано си идам у полициска станица Штип и на записник му поднесувам претставка до внатрешна контрола на МВР за неприфесионално постапување. Наравоучение: не се курчи, коа не знаеш право!“, напиша на Фејсбук, Апасиев.

Следеше реакција од Министерството за внатрешни работи од каде посочија дека законите важат еднакво за сите граѓани, без разлика на нивната функција.

И Македонскиот полициски синдикат реагираше на објавата на Апасиев, кој со “неговиот речник и вокабулар воопшто не ја преставува пратеничката функција“.

“Вашето однесување како пратеник, Вашиот вокабулар, а особено непознавањето на Вашите обврски и права кои произлегуваат од Вашиот пратенички мандат, како и неоснованото повикување на пратенички имунитет ја отсликува Вашата личност.

Кога сме веќе кај Вашиот имунитет на кој се повикавете, еве ние “џандарите“ да Ви дадеме бесплатна лекција по право: уставниот имунитет на кого сте се повикале не Ве ослободува ниту од прекршочна, ниту од кривична одговорност.

Член 64 од Уставот на Република Северна Македонија на кого се повикувате гласи: пратениците уживаат имунитет. Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието.

Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.

Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно заради вршење на функцијата пратеник.
За време на мандатот пратениците не подлежат на обврска во вооружените сили.

Пратеникот има право на надомест утврден со закон. Вие како пратеник уживате материјален и формален имунитет.
Материјалниот имунитет е заштита од кривично гонење за искажано мислење во Собранитето, односно пратеникот неможе никогаш да одговара за кажан збор од говорница или за гласање во собраниска постапка.

Формалниот имунитет го штити пратеникот од притвор освен ако не е затечен при извршување на кривично дело за кое е предвидена казна од најмалку 5 години затвор, како што е наведено во член 64 од Уставот на Република Северна Македонија.
Службената легитимација господине Апасиев не е документ за ослободување од прекршочна или кривична одговорност, истата е документ за утврдување на идентитет и функција“, стои меѓудругото во реакцијата на Синдикатот.
Еве дел од реакциите на Твитер:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This