Арбитражна комисија да го решава cпopoт меѓу Македонија и Бугарија, предлага германскиот пратеник Јуратовиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот во германскиот Бундестаг од Социјалдемократска партија и водач на пратеничката група за Западен Балкан, Јосип Јуратовиќ, по потврдувањето на ветото од страна на Бугарија, порача Македонија да не се откажува од реформите, бидејќи кога тогаш, преговорите ќе започнат.

Јуратовиќ нагласи дека не е само Бугарија не е единствената која се противи на евроинтеграциите на Македонија, и дека во секоја земја има политички сили кои се против проширувањето на ЕУ, додавајќи дека сепак, по ова прашање, на потег е Европскиот парламент со проширена одговорност.

Тој се залага за поединечно пристапување во Унијата, а не во пакети како што се сега Албанија и Македонија, сугерира за време на словенечкото претседавање со Унијата, преговорите да почнат, а спорот меѓу Софија и Скопје да го решева арбитражна комисија.

Во спротивно, тој смета дека со ветото поради овој билатерален спор на некој начин се казнуваат проевропските влади на Западен Балкан и им се даваат аргументи на националистите.

– Треба да се бара решение, штотуку разговарав со колегите од Словенија, бидејќи земјата го презема претседавањето со ЕУ, да се понуди некое решение – на пример да се отворат претпристапните преговори, а недоразбирањата меѓу Бугарија и Македонија да ги одработи некоја стручна арбитражна комисија. Таков беше случајот со Словенија и Хрватска по прашањето за границата, кој како што гледате позитивно се реши. Такво нешто треба да се понуди за решавање на проблемот меѓу Бугарија и Македонија за да и се отвори патот на Македонија. На крајот на краиштата Македонија со претпристапните преговори не се зачленува во ЕУ, туку оди по пат на зачленување, изјави Јуратовиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This