АРГЕНТИНЕЦОТ ДОБИ ДОЖИВOТЕН ДОГОВОР: Барса подготвена на сѐ за да ја задржи најголемата ѕвезда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Барселона планира на својата најголема ѕвезда Лионел Меси да му понуди доживотен договор, пренесуваат шпанските медиуми.

Според „Кадена Сер“, претседателот на Барселона Жозеп Марија Бартомеу изјави дека клубот има намера да му понуди на Меси нов договор, со цел аргентинскиот фудбалер да остане на „Камп Ноу“ и по Светското првенство во 2022. година.

Бартомеу се уште не разговарал со таткото на фудбалерот и негов менаџер Хорхе Меси, но има намера да го направи тоа со цел договорот да биде што е можно побрзо потпишан.

Според шпанските медиуми, Барселона сака да му понуди на Меси доживотен договор, кој ќе важи и по завршувањето на неговата играчка кариера, а би ја вклучувало врската меѓу брендот Меси и фудбалскиот клуб Барселона за најмалку 10 години.

Меси неодамна изјави дека не разговарал со претседателот на клубот откако Барселона пред шест месеци беше елиминирана од Ливерпул во ЛШ, но дека е отворен за разговори за продолжување на соработката.

Извор Sportclub.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This