Арсовска: Еден од петте мега паркови ќе биде лоциран во Чаир

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од петте мега паркови дел од изборната програма на Данела Арсовска, ќе биде лоциран во Чаир. За попрецизна локација на овој парк Арсовска вели дека има неколку можни локации и сите нудат опции овој простор да биде раззеленет и исполнет со содржини.

– Мега паркот во Чаир ќе биде на локација на која што дополнително со новите општински власти по локалните избори ќе треба да ја утврдиме. Има простор што е однапред определен, а тоа е кај Топаана меѓутоа дополнително ќе работиме на делот да се уреди и да има уште една зелена површина, а тоа е кај Скопскиот аквадукт. Верувам дека имаме премногу простори и места каде може да се сместат убави и квалитетни паркови и рекреативни содржини за скопјани. И не смее да се дозволи градоначалникот во заминување да ги исполни со згради и со бетонски згради како што тоа го правеше изминатиот мандат, истакна Арсовска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This