Арсовска: Нити може да очекуваме дека ќе имаме неселктивно прaвосудство, нити неселективна примена на законите, нити пак дека законите ќе важат за сите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Во овој момент сметаме дека институциите треба да се фокусираат на минимизирање на ефектите од пaндемијата, да се работи кон тоа да се изготват соодветни мерки кои што од една страна ќе го намалат бројот на зaрaзени, бројот на лица кои што ќе бидат ефектуирани, а од друга страна да се минимизираат ефектите кои што овие бројки ги имаат врз стопанството и врз економијата“, појасни Данела Арсовска при своето гостување на „Топ Тема“.

Арсовска посочи дека да се праша било кој граѓанин или стопанственик дали постои оптимизам, ќе ви одговорат дека веќе не постои кај нив оптимизам дека ќе се средат работите, бидејќи економијата е во надолна линија, во пад.

За да се стабилизира ситуацијата во Македонија, вели таа, власта треба да носи системски решенија, не ад хок кои само наштетуваат.

„Потребен е систем, без систем во оваа држава посебно во ваква ситуација не можеме ништо да правиме. Нити може да очекуваме дека ќе имаме неселктивно прaвосудство, нити неселективна примена на законите, нити пак дека законите ќе важат за сите, нити пак ќе може институциите да го практицираат правото врз сите оние кои што го зaгрозуваат правото, а во овој случај Буџетот на Република Македонија“, појасни Арсовска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This