Арсовска од врата на врата во Гази Баба: Потребно е итно решавање на актуелните пpoблеми на Гази Баба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на теренската активност од врата на врата ги посети граѓаните на општина Гази Баба. На овие средби Арсовска во разговор со жителите на општината ја презентираше својата програма за модерно Скопје и воедно ги слушна приоритетите кои ги истакнаа граѓаните, со цел подобрување на квалитетот на животот во ова населено место.
-Потребно е итно решавање на актуелните проблеми на Гази Баба, не треба да чекаме туку да започнеме веднаш“, порача Арсовска.
Притоа таа изнесе конкретни решенија за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните на Гази Баба, како проблемот со чистата вода за пиење, непостоењето фекална канализација во некои делови од општината, лошата поврзаност со центарот на градот и високата загаденост на воздухот.
-Ќе направиме директна врска помеѓу Гази Баба и Аеродром, ќе направиме голем мега парк во општината, ќе ги обновиме постојните и ќе создадеме нови пешачки и велосипедски патеки, урбана опрема и летниковци, ќе направиме фекална канализација, посочи Арсовска пред граѓаните на општината и најави дека ова се само дел од проектите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This