April 28, 2024, 12:33 pm

Арсовски: Власта под превезот на ЕУ и НАТО врши kpиминaл, kopyпција, швepц на дpoгa, kиднапиpaњeто пратеник не е европска вредност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски вечерва во дебатно соочување со Богданка Кузеска од СДСМ, во Канал 5 телевизија, посочи дека на власта секојдневно изговара ЕУ и НАТО и под тој превез врши криминал, корупција, шверц на дрога, како и киднапира пратеници, при што потенцираше дека тоа воопшто не се европски вредности.

– Државата не оди во добра насока, тоа го велам затоа што под превезот на ЕУ и НАТО кадешто Европската унија секојдневно ја изговараат од власта и од СДСМ ни се случуваат толку криминали, толку скандали, толку коруптивни скандали, ни се случува шверц на дрога, ни се случува сериозен пораз на економски план, сериозен пораз на здравствениот систем, а во секоја пора ни се распаѓа државата, а власта се обидува да манипулира дека некој бил против ЕУ-интеграциите, критикуваше Арсовски.

Арсовски вели дека под тој превез на европски вредности кои наместо да се воспостават изминативе неколку години државата само уназадува, како и тоа дека таа е заробена во криминал и корупција, а на сите меѓународни организации кои прават рангирања и листи земјава тоне на истите.

-111-то место во светот по ниво на корупција е Република Македонија со оваа Влада, пад за 40-тина места тоа е сериозен импакт дека нешто не чини, и сега по собраниската сага на исчезнување на пратеник, кој не може туку така да исчезне, а е потпишан на листа последен и тоа за да падне оваа влада, предноста на локалните избори за ВМРО-ДПМНЕ е доволен показател дека граѓаните сакаат пад на оваа Влада, рече Арсовски.

Арсовски вели дека преку киднапирање на пратеник не може да помине едно демократско општество , тоа што се случи е преседан рече Арсовски и дополни дека СДСМ се претвори во црвените бригади од 70-те и 80-те години во Италија класична терористичка организација која киднапира политичари, критикуваше Арсовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This