April 28, 2024, 12:00 pm

Хоџа до Реџепи: Како може да си дел од Владата, кога потпиша таа да се ypне?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за земјоделие во оставка, Арјанит Хоџа, во гостувањето на ТВ21 запраша како е можно да бидат дел од Владата, кога пратеници на Беса презедоа чекори за уривање на Владата. Хоџа ја коментираше изјавата на Реџепи, кој пред да биде исклучен од партијата, беше потпретседател на Беса – дека таа сѐ уште е дел од Владата.

Оставката на Хоџа и двајцата заменици министри, според Реџепи не значат дека Беса не е дел од парламентарното мнозинство, затоа што одлуката за напуштање на власта треба да ја потврдат и органите на партијата.

Хоџа го повика Премиерот итно да ги депонира нивните оставки и Собранието да ги утврди што е можно поскоро.

-Двајца пратеници беа на седницата за интерпелација на Владата. Јас и двајца заменици министри ги депониравме оставките. Премиерот треба да ги депонира во Собрание и да видиме точно дали сме или не дел од Владата, рече Хоџа.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека Собранието ја нема констатирано оставката на министерот Аријанит Хоџа, ниту пак на другите раководни лица од БЕСА. Затоа и логично е да каже дека се дел од владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This