Арсовски до Филипче: Веќе не палат ПР триковите каде што треба да придобие таканаречен “Рејтинг на сожалување”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Венко Филипче вика греотa било тоа што го правела опозицијата (опозицијата го критикува што му умирaaт луѓе и што имаме највисока смртност), а не вика греота се луѓево што умираат и нивните семејства (над 1000). Не вика греота се струмичани што немаат возило за итна помош, па им донираат 40 години старо од друга институција. Не вика греота се овие луѓе што не можат да се тестираат и хоспитализираат. Не вика греота се 40.000 дечиња што се сиромашни и немаат можност да учат. Не вика греота се над 50.000 отпуштени заради немањето помош на стопанството од Владата. Не вика греота се штипјани што фирмите на Бочварски земаат тендери. Не вика греота е државава што ја управуваат криминалци и ‘неспособњаци’ како Заев“, стои во Фејсбук статусот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

– Веќе не палат ПР триковите каде што треба да придобие таканаречен “Рејтинг на сожалување” кој се добива во време на сериозни kpизи каде на удaр е целокупното општество.
Помина тоа време на барање сожaлување и општо соживување од граѓаните кон криминалната ни Влада.
Затоа, доста прeпелкање и ‘паламудење’ (се извинувам што користам збор од речникот на Заев) и најитно поднеси си оставка. Биди си како што си добар доктор (можеби најдобар) во областа, но не мора да бидеш гробар на народот!
За крај, засрaми се!
#ДаЖивееРепубликаМакедонија🇲🇰🇲🇰🇲🇰
#НародотНеСмееДаЕжртва, пишува тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This