АРСОВСКИ: Претседателските избори се втор референдум за Преспанскиот договор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За аналитичарот Петар Арсовски претседателските избори во Македонија може да се толкуваат како втор референдум за Договорот од Преспа. Според него, нема еуфоријата околу претседателски избори. Аналитичарот смета дека по непишано правило во Македонија на претседателски избори на гласање излегуваат помалку луѓе отколку што гласаат за парламентарни избори.

-На минатите избори во првиот круг излегле некаде околу 920 000 гласачи, а во вториот 960 000. За претседател изборите, имајќи предвид дека ингеренциите на шефот на државата се помали, секогаш е помала излезноста и владее помала еуфорија. Можеби тоа ќе се надмине овој пат, бидејќи постои релативно висока тензија помеѓу двете најголеми политички партии, па изборот за претседател може да се толкува како втор референдум за Преспанскиот договор , па тоа да доведе до некоја поголема излезност. Од друга страна постои разочараност и апатија кај електоратот, така што јас не очекувам спектакуларна излезност на изборите, вели Арсовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This