Арсовски: Човек како Бучковски не може да биде специјален претставник на Македoнија, може да биде само специјален претставник на Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешниот протест „Оставка на Заев, слобода на народот“ пред присутните се обрати Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој им порача на присутните дека без разлика на бројот на присутни, она што е важно е дека сме на вистинската страна од борбата.

„Почитувани браќа и сестри, колку сме толку сме, токму сме. Најважно е што ќе остане запишани дека ние сме на вистинската страна и тоа ќе остане запишано“, потенцираше Арсовски.

Арсовски забележа дека дел од проблемот во државата е нефункционалните институции, кои, како што може да се забележи долго пред крајот на работното време ги напуштиле своите работни места.

„Тука сме пред четири часот, сѐ е изгаснато, никој нема сите се по дома. Никој не работи, затоа не се решаваат проблемите“

Арсовски нагласи дека луѓе без идентитет како Заев и Димитров не можат да го зачуватт идентитетот на државата.

„Човек што нема идентитет не може да го зачува идентитетот на Македонците. Видете му го идентитетот на Никола Димитров и сѐ ќе ви стане јасно зошто не може да го зачуваат идинтетитет на македонскиот народ. Видете ја историјата на Зоран Заев, што има направено тој, криминал, криминал и само криминал . Криминалец со таква историја не може да ја одбрани историјата на Република Македонија“, рече Арсовки.

Тој додаде дека тоокму затоа народот е на улица, за да си го зачува идентитетот бидејќи нив баш им е гајле и им е поважно фотелјата и бизнисот и ништо друго.

„Ништо друго не им е важно. Видете им ја историјата на овие политичари кои моментално преговараат со Бугарија, сѐ ќе ви стане јасно зошто не им е важна историјата на Република Македонија. Затоа не им е важен ниту Гоце Делчев, затоа не им е важен ниту Раде Јовчевски Корчагин, ниту Никола, ниту Питу Гули. Никој не им е важен“, дополни Арсовски.

Луѓе како нив коишто го создадоа проблемот не можат да бидат решение и да најдат решение на таков проблем. Напротив тие луѓе само го продлабочуваат проблемот. Сега, откако назначија уште еден специјален претставник на РеМакедноја за преговорите со Бугарија, Бучковски, верувајте, дека уште повеќе нема ништо да се реши. Не може таков човек да биде спеццијален претставник на Македноија. Може да биде само специјален претставник на Бугарија. Да можел, и да сакал да реши било каков проблем ,имал шанса од 2002 до 2006 година. Напротив, сега треба да биде уште еден параван за овој проблем којшто го има во моментов којшто го создаде Зоран Заев. Затоа не смееме да попуштиме, не смееме да се откажеме.

„Како што реков, колку сме толку сме, токму сме, на вистинската страна сме и не смееме да попуштиме. Она кое што треба во најбрз момент да се случи е да падне Зоран Заев.“, заврши Арсовски.

А ние до тогаш остануваме на блокадите. Да живее Република Македонија, Зоран Заев треба да падне.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This