Артан Груби oбвинeт дека прави “мајмунapии” од еден од најгласните поддржувачи на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поддржувачот на СДСМ и Зоран Заев, политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ запали нови искри на релација Мала Речица – Бихаќка откако напиша дека еден од првите луѓе на ДУИ и најблизок соработник на Али Ахмети прави “мајмунарии” и индиректно го поврза Артан Груби со предходникот на човекот.

“Гледајте ја оваа отворена закана на Груби: “спремни сме на соработка со СДСМ ако Насер Зибери биде премиер”.

Прво, кој е тој Насер Зибери во политиката, зошто е важен, што има во животот направено?

Второ, СДСМ може да им рече на заебанција, оти друг одговор не заслужуваат: ако Али Ахмети е Џон Стујарт Мил, да, ви го прифаќаме Насер Зибери за премиер.

Абе криминалците од серијата Сопранови се посуптилни господа од овие мајмунарии на Груби”, напиша Јовановиќ ма Фејсбук откако Груби постави предуслови за влез на СДСМ во влада со ДУИ.

Извор: Експрес

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This