Артан Груби: “Paзмиcлyвaм нa aлбaнcки, пa пpeвeдyвaм нa aнглиcки, пa тeк тoгaш ќe ми дojдe нa мaкeдoнcки”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашната емисија на Телевизија 24 ,”24 Анализа”, гостуваше првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедницата, Артан Груби.
На прашањето, “Првиот договор што Зоран Заев го потппиша како премиер во 2017 година беше со Бојко Борисов, договорот за добрососедство со Бугарија. Комисиите за Бугарија заседаваат, завршија за денеска заседанието, имате ли информации дали денеска е постигнат некаков напредок?”, Груби се збуни, велејќи дека денешната и утрешната средба се единстевниот напредок во целата ситуација.

– “Самото заседавање е напредок, затоа што се немаат сретнато од ноевмри, минатата година. Не по ничија вина, но секако како што ви кажав и случаевите во нашата земја со техничката влада, па потоа и со пандемијата, па со предвремените избори, па се до формирањето на Владата и гледаме дека како што велите на Фејсбук, првите 45 дена од формирањето на новата Влада, комисиите продолжија со својата работа, и ме радува фактот дека денешната и утрешната средба веќе се одржуваат, и тоа е единст…. не едниствениот, не се изразив правилно. Сепак не ми е мајчин Македонскиот јазик, и понекогаш грешам затоа што всушност размислувам на албански, па го преведувам на англиски, па тек тогаш ќе ми дојде на македонски, па можда ќе згрешам”. – Истакна Груби.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This