(Архива видео) Груевски го пpeкина својот одмор во Тypција поради големите поплави

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Груевски во 2016 година го прекина својот одмор во Турција поради катастрофата која тогаш го погоди скопско Стајковци, во големата поплава во која загинаа повеќе лица.

По поплавите и што го зафатија Скопје и околината, Груевски го прекина одморот во Анталија, Турција, и на кризниот терен во форма на „сугестии“ или најдиректно им издаваше наредби на премиерот, на министри и на директори на државни претпријатија околу помошта во храна, вода, ангажирање војници.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и денес на терен. Откако вчера им помагаше на жителите на Стајковци да ги расчистат своите домови, денес Груевски беше помеѓу жителите на населбата Економија.

На социјалната мрежа Фејсбук, граѓаните на оваа скопската населба објавуваат фотографии од активностите на Груевски.

Од објавените фотографии на локални жители, може да се забележи како Груевски и неговиот тим и денеска работат рамо до рамо со настраданите во поплавите и помагаат во расчистување на штетите од природната катастрофа.

–Не се само во Стајковци, дојдоа и кај нас во населба Економија да помогнат, напиша една жителка на ова населено место.

Големата природна непогода која предизвика поплави во Скопско се случи во саботата, уште следниот ден Груевски го прекина својот годишен одмор и одтогаш секојдневно е помеѓу граѓаните на погодените подрачја.

Видеата можете да ги погледнете тука, тука и тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This