АУДИЈА ВО ТЕТОВО: Се избираат членови на Државниот ансамбл за албански народни песни и ора

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Центарот за култура во Тетово денеска започна аудиција со која ќе се бираат членови за составување на идниот Државен ансамбл за албански народни песни и ора во Северна Македонија. Над шеестина кандидати кои се пријавиле се претставија со своите знаења пред комисијата што ќе го врши изборот.

-Преку оваа аудиција ќе бидат избрани 37 играорци, пејачи и инструменталисти кои ќе ја промовираат албанската култура и традиција во земјата и во светот. Се очекува ансамблот да започне со работа од јули во Скопје, каде што ќе биде и седиштето, изјави в.д директорот Јетон Пустина.

Кандидатите се претставуваа во три групи во текот на денот. На селекција на кандидатите работи Комисија од тројца претставници на Министерството за култура – професорот Блерим Груби, директорот на Ансамблот „Танец“ Мартин Вучиќ“ и директорот на кичевскиот Центар за култура Мазлам Османи, а дел од Комисијата се и Валтон Беќири, Илбер Арсаланј, Зеќир Сулкуќи, Артан Ибершимај и Дилавер Круезиу, членови избрани од директорот Пустина

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This