АХМЕТИ ВЕЌЕ СИ ПРОТОЛКУВА: Избори на 5 јули?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неодбивањето на понудата на 5 јули да се одржат предвремените парламентарни избори од страна на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, партијата на Али Ахмети го толкува како прифаќање, односно дека тој датум би бил компромисното решение против кое не би имале ништо против ни двете најголеми македонски партии.

До објавувањето на текстот од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ не успеавме да добиеме став дали Ахмети правилно ги прочитал нивните сигнали. Двете партии вчера останаа на своите ставови, односно Зоран Заев бара брзи избори на 21 или 28 јуни, додека Христијан Мицкоски е за избори во август или во септември.

– Неодбивањето на 5 јули за изборен датум, читаме дека е прифатливо и за СДСМ и за ВМРО-ДПМНЕ. И двете партии се свесни дека тоа е оптималниот датум за одржување на предвремените парламентарни избори, а прифатлив е и за светот. 5 јули е добар за избори бидејќи граѓаните сѐ уште не почнале со одморите, има време ДИК повторно да изврши прочистување на избирачкиот список, а и дотогаш има шест недели и се надеваме дека ќе се намали и бројот на новозаразени од ковид-19, бидејќи заболените се познати и се од одделни семејства, што значи вирусот е контролиран – вели висок функционер од ДУИ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This