Ахмети: Заев ме молеше и го направив премиер, сега со лажењето го стеснува кругот на комуникација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Јас не сум политичар кој што тоа што го зборува на сабајле не го кажува на вечер. Тој и се предомислува, зошто го познавам, но не прави добро затоа што така ги иритира Албанците, го стеснува просторот за партнерство. Јас сакам да победат затоа што сме ги почнале овие работи кои не се лоши, но со тоа што го прави тој го стеснува просторот за комуникација и на заедничко делување, рече вчера Али Ахмети од Гостивар.

Ахмети му порача на Заев дека му ги знае сите слабости, но тој не е како него да зборува јавно. Според Ахмети тоа не е машки и потенцираше дека Заев го молел за да го направи премиер.

„Не ми личи мене да излезам и да зборувам за неговите слабости. Тоа не е машки, секако во текот на некое партнерство, комуникација, соработка за овие 20 години јас знам слабости и доблести за сите. Не е машки да се зборува. Тоа е затворено поглавје, завршена приказна. И тој лаже, сите знаат дека тој ме молеше мене и јас го направив премиер. Ова е вистината, целиот свет ја знае.

Ахмети порача дека и претседателот на државата Стево Пендаровски ја има таа функција благодарение на ДУИ.

„И овој претседател, за кој со целото срце се ангажиравме, беше и пред пет години кандидат но изгуби. После пет години се обединивме и тој победе и јас му посакувам успех и здравје за да работи за доброто на граѓаните. Но, што ги вознемирува и што им предизвикува таква паника кандидатот за премиер, никогаш не би ми паднало на памент. Сите во паника се исплашени дека ќе ја земем државата. Нема како да ја земеме, тука ќе биде државата, рече Ахмети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This