Ахмети за „Отворен Балкан“: Во трајно непpијателство нема напредок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во интервју за Агенција Анадолија (АА), лидерот на ДУИ, Али Ахмети меѓу другото зборува и за иницијативата „Отворен Балкан“, во која се вклучени Македонија, Албанија и Србија, но државите Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина не се приклучија. Според Ахмети, оваа тема бара мирен третман, без емоции, пренесува „Слободен печат“.

– Тоа е многу чувствителна тема. Тоа е тема која бара мирен третман, без емоции, без оптоварувања. Во областите на Западен Балкан, главно на териториите на поранешна Југославија, се случија крвави војни и овие војни завршија пред 22 години. Веќе 22 години немаме вооружени судири, имаме договори кои бараат имплементација и материјализација, со кои регион треба да се согласи – вели Ахмети.

Наведувајќи го примерот на Германците и Французите по Втората светска војна, тој истакнал дека треба да се постават стандарди за комуникација со цел да не се повторат војните од пред 25 години на териториите на поранешна Југославија.

– Во трајно непријателство нема напредок. Иако ситуацијата е многу чувствителна во односите Србија-Косово, во односите Босна-Србија, во односите Црна Гора-Србија, бидејќи во овој контекст, Црна Гора, како мала земја, се чувствува загрозена од Србија. Но, со тврдења на политиките од минатото не се оди напред, со експанзионистички, окупаторски, асимилациони политики, не се оди напред – нагласи Ахмети.

Според него, во врска со иницијативата „Отворен Балкан“, потребно е појаснување, комуникација и искрена соработка помеѓу земјите од регионот, нагласувајќи дека сите земји треба да инвестираат во градењето на мирот, безбедноста и иднината.

– Единствениот начин сега е комуникација, искрена соработка меѓу земјите, без намера да бидат узурпаторски и тоталитарни, туку да бидат комуникативни, кооперативни и воспоставување правда и еднаквост за сите. Слободна комуникација на луѓето, стабилна економија без влијанија или доминација. Мислам дека не е лесно, но потребни се појаснувања, потребна ни е комуникација, бидејќи треба да бидеме членки на ЕУ, треба да бидеме во обединета Европа – потенцирал Ахмети.

Главната цел на иницијативата „Отворен Балкан“, која беше формализирана на економски форум одржан кон крајот на јули во Скопје, е постојните регионални иницијативи да ги направи поефикасни со цел да се постигнат практични и видливи резултати за граѓаните на Западен Балкан. Иницијативата, исто така, има за цел да постигне создавање заеднички регионален пазар, кој како преодна форма треба да го приближи регионот до ЕУ и да го забрза патот до полноправно членство

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This