АХМЕТИ И ЗАЕВ НА СРЕДБА ВО „ХИЛТОН“: Вечерва е можно да се знае конечното име на претседателскиот кандидат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ, коалициските партнери и другите партии кои даваат поддршка за заеднички претедателски кандидат, вечер ќе одржат средба на која треба да биде утврдена личноста што ќе влезе во трката за нов шеф на државата на претстојните шести по ред претседателски избори.
Координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Јован Митрески на денешната прес-конференција рече во меѓувреме продолжуваат разговорите со ДУИ и сите други коалициски партнери.

Засега не се открива дали вечер ќе биде соопштено и името на заедничкиот кандидат или тоа ќе биде направено на конгресот на СДСМ в недела.

Заев одговарајќи на новинарско прашање дали Стево Пендаровски е фаворит за консензуален кандидат, рече дека тој е еден од кандидатите, кои ќе бидат ставени на разгледување.

Во контакст сме со сите политички партии, кои ја изразија својата подготвеност да застанат за заеднички кандидат. Десет имиња се за разгледување, секако имаме и свои фаворити заради тоа што граѓаните ни испратија јасна порака за тоа каков претседател посакуваат да има нашата земја. Ќе ги земеме предвид сите аналитички аспекти во смисла идниот претседател на Република Северна Македонија да биде претседател на сите граѓани, кои ќе го чуствуваат за свој, а истовремено веруваме ќе биде и доволно мотивирачки фактор за да добиеме голема излезеност, истакна Заев по денешната посета на „Алкалоид“.

По одлуката на лидерите од владејачката коалиција СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, за заеднички кандидат, дел од медиумите објавија дека веќе е познато и името, а дел, пак, тврдеа дека се уште се во игра имињата на Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Стево Пендаровски и Оливер Спасовски од СДСМ. На огласот на СДСМ, пак, се пријави амбасадорот Ѓорѓи Филипов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This