АХМЕТИ МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ЗАЕВ: Ахмети со уцени сака да го донесе законот за јазици, тврди Милчин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оваа влада нема да има толку време како што имаше владата на Груевски, нема толку долго да биде поштедена од критики, изјави вечерва во „Само вистина“ професорот Владимир Милчин.

Во интервјуто во Милчин потсети дека владата многу ветувала а сега нема толку остварувања. Милчин во отворената критика на слабостите кои ги детектира кај власта оцени дека реформите доцнат. Никој вели тој, не споменува датум за преговори со ЕУ, затоа што има сериозна забелешка на владата во делот на планот 3-6-9, истакна Милчин.

Не гледам дека денеска има повеќе правда отколку што имаше во времето на режимот. Добро, има разлика во медиумите, повеќе се повеќе отворени и нема спектакуларни апсења. Точно е и дека сега повеќето невладини се стишени. Мислам дека дел од нив сѐ уште набљудуваат, но молчењето нема да трае уште долго, изјави Милчин.

Тој упати сериозни забелешки на европското знаменце за законот за јазиците, оценувајќи дека тој сега не е приоритетен,критикувајќи го односот на ДУИ и како што изјави уцената со законот. Милчин оцени дека не треба да се брза ниту околу спорот за името, и дека е лага дека договор мора да има до НАТО самитот.Според Милчин спорот со Грција е идентитетски.

Повеќе детали за ставот на професорот Милчин околу името, уцените поврзани со него, потребата од итни реформи, борба против корупцијата и други актуелни прашања погледнете во најновото издание на „Само вистина“

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This