АХМЕТИ НА АЛСАТ: Струмица или Делчево, каде ќе помине Албанец таму ќе се зборува албански

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот јазик е официјален во Република Македонија и ќе се користи таму каде што го употребува заедницата. Ова што пред точно една година го изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети на „Алсат“, а за што СДСМ и нивните платеници нè убедуваа дека нема да се случи, денеска е реалност.

Во емисијата „200“ Ахмети изјави:

На пример, дали има некој Албанец во Струмица? Нема, но може да помине. Е сега ако тој поминува таму и има проблем на граница или во градот, се викаат преведувачи и законот на него му овозможува, без разлика дали имал проблем со полицијата, со обвинителството, тој да зборува на својот мајчин јазик. Ако поминува во Делчево и направи некој проблем… исто може да зборува на својот мајчин јазик, рече Ахмети уште пред една година најавувајќи ја денешната ситуација.

Владиниот портпарол Мухамед Хоџа на вчерашната прес конференција одговарајќи на прашањето дали општините и институциите кои немаат вработено Албанци како на пример Радовиш или друг град каде нема жители Албанци ќе мора да вработат Албанци, изјави дека законот мора да важи за сите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This