АХМЕТИ СМЕТА ДЕКА ЗАЕВ НЕ Е ДОБАР КАНДИДАТ: Не е добр да се кандидира претседател на партија за претседател на држава!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со премиерот Зоран Заев во Клубот на пратениците рече дека одлуките што ќе се носат треба да бидат во корист на државата, мнозинството граѓани и на партиите. Потврди дека разговорите меѓу двете партии продолжуваат на ниво на организациски секретари.

На новинарско прашање дали ДУИ би го поддржала Зоран Заев како канддат, Ахмети не одговори конкретно. Рече дека не е добро лидер на политичка партија да стане претседател.

Прашан за Никола Димитров, лидерот на ДУИ кажа дека не сака сега да се изјаснува за имиња, оти се прават анкети кои треба да дадат поконкретни сознанија. Ахмети нагласи дека и тој нема да се кандидира за шеф на државата.

По средбата со Ахмети, Заев најави разговори и со другите политички партии од и надвор од владината коалиција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This