АЧКОВСКА:Нашето единствено оружје е нашето единство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се наоѓаме на еден долг пат, се наоѓаме во последната битка за Македонија, немаме што да изгубиме и затоа после сите закани пак сме тука и ќе бидеме уште 60 и 60 и 60 дена, истакна професорката Виолета Ачковска, која се обрати пред големиот број граѓани насобрани пред Собранието на РМ.

ackovska-640x328

Не дозволуваме државни удари во оваа држава, рече Ачковска која од првиот ден е поддржувач на иницијативата ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА и додаде:

„Народ кој не си ја запознал својата историја личи на недорастено дете, па непознавајќи ја историјата некои одат по странските центри и повикуваат воспитувачи да им кажуваат што да прават. Ние сите кои сме овде си ја знаеме нашата историја и нашата поука- свесни сме дека имаме само еден куршум, тој куршум е нашето единство. Ние немаме друго оружје да се избориме против овие силни авети кои се создаваат од сите страни и внатре и надвор, имаме само еден куршум- единството.“

Македонија, потенцираше професорката, е нашата мајка, нашиот дом и не ја даваме никому.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This