АЈДЕ ДА БИДЕМЕ РЕАЛНИ: Штабска нарачка, наместо анкета, кој мисли дека Заев бил подобар од Мицкоски во дуелот?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Анкетите во Македонија наместо за истражување на јавното мислење користат за контрола и наведување на истото во своја корист и за лични цели. Па така ни последната анкета на МЦМС и телевизија Телма не е ништо поразлична, очигледно таа е уште една штабска нарачка од Бихачка со цел манипулација на јавното мнение на граѓаните. Сигурно се прашувате кој би помислил дека Заев бил подобар од Мицкоски во ТВ дуелот на МРТ минатата недела? Никој! Тоа го потврди и нашата анкета, а и коментарите во јавноста по завршување на дуелот.

Победникот во дуелот го одреди и пренесувањето на вести односно не пренесувањето од страна на провладините портали и медиуми на настанот. Многу приметно беше отсуството на вести во СДСМ-овските портали од долго очекуваниот дуел, а причината беше јасна, едноставно немаше поента на било која од трите теми во која Заев можеше да се претстави како победник во ТВ дуелот.

Рејтингот на Владата на СДСМ е во слободен пад, а сите чипови Заев ги игра на едно прашање, а тоа е проблемот со името, проблем за кој голем дел од граѓаните на Македонија не се согласуваат со премиерот. Приоритетите на Заев се дијаметрално спротивни од потребите на граѓаните, а разочарувањето кај сите кои гласале за СДСМ е огромно. Ниедна наместена анкета не може да го побие фактот дека се гледа крајот на Владата на СДСМ, крај кој го наговести победата на Мицковски во дуелот со Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This