April 28, 2024, 12:19 pm

АЈДЕ ОХРАБРИ СЕ: Заев да одговори дали ќе си даде ocтавка кога ќе изгyби на изборите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев е исплашен и свесен дека рејтингот му е во минус, во слободен пад, избегнува лидерски соочувања со претседателот и иден премиер на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, порача на прес-конференција Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека Зоран Заев има обврска да одговори на едно и единствено прашање, за кое се уште се чека одговор во партијата, но и целата јавност, а тоа е, дали сега, кога ќе ги изгуби изборите на 12-ти април, веднаш, вечерта на прес конференција јавно ќе си даде оставка и ќе си замине засекогаш од политиката?

-Ајде да видиме колку е сигурен Зоран Заев во својата победа, каде што веќе и неговите најблиски и самите кажуваат и брифираат дека заминуваат во опозиција и веќе му ја кројат капата народски кажано на Зоран Заев внатре во партијата, па така нека каже дали кога ќе изгуби на изборите на 12-ти април ќе си даде оставка и ќе се повлече?, рече Арсовски.

Тој додаде дека на овие избори граѓаните ќе бираат наспроти лагите на Заев и СДСМ, криминалот на Заев и СДСМ, корупцијата на Заев и СДСМ, рекетот на Заев и СДСМ, катастрофалното здравство, образование, правосудство и се останато, наспроти честа и достоинството на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, визијата и програма за Обнова на Македонија, капацитетот и знаењето на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, принципите и чесната понуда и програма на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This