АJДЕ ДА ЈА ВИКАМЕ САМО „МАКЕДОНИЈА“:Предлог на британски европратеник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британскиот европратеник Чарл Танок предлага и понатаму да се користи кратката форма „Македонија“ наместо новото име со додавката „Северна“ за македонската држава.

Овој европратеник е долгогодишен пријател на нашата земја и тој додава дека Британија како земја никогаш и не го користела изразот ФИРОМ па затоа во разговорна форма би можело да остане само нашето име Македонија.

„Ајде да ја викаме само Македонија кратко, како што секогаш сме ја викале разговорно. „Република Северна Македонија“ е наменета за службена употреба, но Велика Британија никогаш не го употреби акронимот ФИРОМ внатрешно во документите на Обединетото Кралство. Пријател сум на ова мало парче земја многу години“, напиша на својот профил на Твитер членот на Европски парламент од британската Конзервативна партија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This