Аpмијaтa се вклучи во тестирањата за Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство информира дека Армијата на Република Македонија со поддршка се вклучи во тестирањето на граѓаните од коронавирусот.

Тим од техничкиот персонал од Воено медицинскиот центар почна на терен, во асистенција на екипите од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) да им помагаат при земањето на брисеви за тестирање од вирусот ковид-19.

Со оваа поддршка од страна на Армијата, значително ќе се зајакне, но и ќе им се олесни работата на екипите од ЦЈЗ. Тимот од Воено медицинскиот центар се вклучува поради зголемениот број на заразни лица.

МЗ апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од овој корона вирусот, да соработуваат со епидемиолозите, и да даваат и точни информации во епидемиолошките анкети.

Само преку целосно придржување на мерките може да го спречиме ширењето на коронавирусот, истакнуваат од МЗ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This