БАШЕВСКА ПPEKPШИЛA НИЗА НА МЕЃУНАРОДНИ НОРМИ: Професорот Александар Даштевски со поддршка за уредникот на „Инфомакс“ и cлoбoдaтa на медиумите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Апелација мора да го преиначи или да го врати на повторно судење предметот за уредникот на Инфомакс Александар Митовски, смета универзитетскиот професор Александар Даштевски


Според професорот, судијката Љубинка Башевска со оваа пресуда прекршила низа на меѓународни повелби, декларации и договори кои нашата држава ги потпишала и ги почитува.

Во ова време на хибриден режим и Луј Витон судство, кога не се завршува ниедна сериозна судска ппостапка, првостепениот суд срамно донесе експресна пресуда против новинарот Александар Митовски, во која за слободно изразено мислење го осудува на казна затвор од 6 месеци, под услов да не го повтори делото во следните две години.
Во негова подржка истакнувам дека пресудата е спротивна на меѓународното право и на декларациите кои ние како држава сме ги прифатиле и сме се обврзале да ги почитуваме.

Тоа се УДЧП:

Член 19
Секој има право на слобода на мислење и изразување, што го опфаќа и правото да не биде вознемируван за своето мислење, како и правото да бара, прима и шири информации и идеи со било кои средства и без оглед на границите

ЧЛЕН 10
Слобода на изразување
1. Секој човек има право на слобода на изразувањето. Ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната власт и без оглед на границите. Овој член не ги спречува државите, на претпријатијата за радио, филм и телевизија да им наметнуваат режим на дозволи за работа.

Апелационен суд мора да го врати овој предмет на повторно судење или да го преиначи во согкасност со законот – пишува Даштевски на својот ФБ профил.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This