Бајден: Bиновниците ќе платат за нaпадот во Кабул, нема да им пpocтиме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската разузнавачка служба верува дека терористичкиот напад во Кабул бил организиран од огранок на ДАЕШ, рече претседателот на САД, Џозеф Бајден, обраќајќи се по серијата експлозии во близина на аеродромот во Кабул.
Американскиот претседател вети дека нема да го прости нападот на аеродромот: одговорните ќе бидат фатени и казнети.
Како што наведе, без оглед на вечерашниот напад, американската армија ќе ја продолжи евакуацијата и ќе ја заврши мисијата во Авганистан.
Серија експлозии одекнаа во областа на аеродромот, од кои едната беше веднаш до хотелот „Барон“, каде што беа собрани странци, вклучително и државјани на САД и Велика Британија. Бомбаш -самоубиец се разнел таму. Потоа експлодира автомобил -бомба. Нема информации за третиот напад. Според последните информации, во нападите загинаа околу 70 луѓе, меѓу кои 12 американски маринци, додека околу 160 луѓе беа повредени, меѓу кои 15 американски војници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This