April 27, 2024, 11:15 pm

Бдеење и литургија за Успение на пресвета Богородица во манастирот на Матка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во пресрет на одбележувањето на православниот  празник Успение на Пресвета Богородица кај народот познат како Голема Богородица, во манастирот во Матка кај Скопје вечер ќе се одржи богослужба и полноќно бдеење.

На денот на празникот, утре, од 8:30 часот во манастирот ќе се одржи Света Божествена литургија со која ќе чиноначалствува поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција. Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма.
По повод празникот СВР Скопје денеска и утре ќе воведе посебен сообраќаен режим во реонот кон манастирскиот комплекс.

Сообраќајниот режим денеска ќе биде од 16:00 до 20:00 часот на локалниот пат село Сарај – ХЕЦ „Матка“ кон манастирскиот комплекс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This