April 28, 2024, 12:45 am

Бежовска: Поскапувањето на цените ќе престане кон крајот на годината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска вели дека инфлацијата досега се задржува во умерени рамки, но Централната банка веќе направи нагорна ревизија на стапка на инфлација од 1,5 на 2,2 отсто. Се очекува следната година инфлацијата да се стабилизира и да биде пониска. Таа посочи дека причина за растот на цените кај нас е директна последица на зголемувањето на цените на примарните производи на светските берзи.

„Во овој случај се работи за глобални фактори, ние сме мала и отворена економија. Растат цените на примарните производи на светските берзи, пред сè на енергијата, сведоци сме на повисок раст на цените на енергенсите. Голем број на фактори влијаат на инфлацијата. Има фактори на страна на понудата, тука пред сè се увезените цени на коишто ние како економија немаме влијание и многу е важно што ќе се случува со побарувачката“, рече Анита Ангеловска Бежоска, Гувернерка на Народната банка, додавајќи дека една од главните цели на НАродната банка е обезбедување на ценовна стабилност.

Во однос на најавената еколошка такса, Бежовска не одговори дали и колку може да се очекува таа да направи ценовен дисбаланс.

Најава дека цената на енергенсите ќе расте по намалувањето на бројот на заразени на глобално ниво пред извесен период стигна и од Регулаторната комисија за енергетика.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This