БЕЗБЕДНОСТ ИЛИ ПОЛИТИКА: Првите луѓе на АНБ на рапорт пред ген-секот на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првите лица на безбедносните служби во првите редови на партиски настан. Делува како опис на комунистички состанок од СССР, но не е, ова е реалноста во 21 век во „демократска“ Македонија под власта на Зоран Заев, пренесува Курир.

Првиот човек на Агенцијата за национална безбедност- АНБ, Виктор Димовски, агенција која што е формирана со цел да биде независна, надпартиска и во служба на граѓаните, заедно со Јовче Ременски, поранешен висок функционер во УБК, а сега во АНБ седат во првите редови на партискиот настан на СДСМ вчера, за промоција на нова агенда и старт на теренски посети, организиран од партискиот ген-сек Љупчо Николовски.

Се поставува прашањето дали Димовски и Ременски се ставаат себе или и вработените во АНБ во служба на новата агенда? Дали имаме нова партизација на службата како во времето на комунизмот, кога првите луѓе на службите беа и први луѓе во партијата!?

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во Фејсбук статус посочува дека процесот на селекција во АНБ го поминале брачни парови, чичко и внука, мајка и ќерка, мајка и син, брат и сестра и уште многу други сомнителни случаи. Со АНБ (Агенцијата за национална безбедност) наместо кредибилна и ефикасна институција, која би била респектибилен партнер на модерните безбедносни служби на нашите сојузници, добиваме институција која што од самиот старт има нарушен кредибилитет.

Ѓорѓиевски посочи и дека е неопходно да се ревидира селекцијата на кандидати во АНБ.

Поради начинот на селекција на кадрите и партизацијата на АНБ, Трајче Димков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ си поднесе оставка од Комисијата за селекција и избор на работници од УБК во АНБ.

-Изборот на кадри за АНБ беше компромитиран од самиот почеток и повеќе се базираше на субјективни па дури и политички, наместо на објективни, јасни и однапред утврдени критериуми. Мојот впечаток е дека целиот процес беше фарса, односно имаше за цел да даде некакво покритие за претходно донесени одлуки околу кадрите кои би влегле во АНБ. Според мене имаше неколку клучни моменти врз основа на кои се направи ваков избор, односно не се постапи согласно новиот закон за АНБ. Не се реализираше тестот за интегритет кој требаше да се спроведе соогласно законот за АНБ, ниту се постапи согласно информацијата на Државната комисија за спречување корупција во однос на судир на интереси при вработувањето. Исто така од неразјаснети причини не се реализираше ниту предвиденото полиграфско тестирање, пиша Димков во својот фејсбук статус со кој ја обзнани оставката.

Дека не е вршено полиграфско тестирање призна и директорот на АНБ, Виктор Димовски, кој рече:

– Во работењето на Комисијата беше констатирано дека постојат тешкотии две одредби од Законот целосно и навремено да се имплементираат. Првата се однесува за спроведување на тестот за интегритет, а втората за спроведување на полиграфското тестирање. Со оглед на практичната неможност овие одредби да се имплементираат, а тие се и дел од редовното работење на АНБ, Комисијата донесе одлука да препорача раководството на АНБ имплементацијата на овие активности да ја има како приоритетна задача во наредниот период, информира директорот на АНБ.

Поради сомнителната селекција, долгогодишни професионалци во УБК останаа надвор од АНБ, за сметка на партиски активисти како Ременски.

Политизацијата не е единствен проблем. Ременски во јавноста и стана познат и како човек кој одава информации од истрага и предистрага. Тој во свој фејсбук напис најави апсења, за веднаш потоа да го избрише написот, откако се крена јавноста.

Сите овие скандали, јавно документирани се само уште еден показател за нефункционалноста на безбедносните служби во време и по власт на СДСМ и Зоран Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This